Услуги
Овде ја претставуваме нашата понуда на услуги за Јазици и Стручни области, во кои располагаме со долгогодишни и опширни искуства. На полето на конференциско толкување ви даваме поддршка со стручно советување, давајќи ви го најдоброто решение за вашите конференции, симпозиуми, седници и состаноци. Во Препораки можете сами да се уверите во нашето шаренолико искуство.
Јазици
албански, арапски, ерменски, азербејџански, баскиски, босански, бугарски, кинески, англиски, естонски, фарси, фински, француски, грузиски, грчки, хинди, италијански, хрватски, курдски, латински, летонски, литвански, македонски, холандски, панџаби, персиски, полски, португалски, романски, руски, српски, словачки, словенечки, шпански, чешки, украински, унгарски, урду, виетнамски, белоруски.
Доколку на оваа листа не можете да го најдете јазикот што го барате, ве молиме обратете се до нас.
Стручни области
Во принцип не исклучуваме ниедна стручна област, во која преведуваме и толкуваме.
Со цел за ориентација би сакале да наведеме само неколку:
Право
Работно право, право на ЕУ, законски текстови, трговски закони, јавно право, даночно право, казнено право, управно право, право на конкуренција, меѓународно право, граѓанско право.
Стопанство
Автомобилска индустрија и добавувачки услуги, индустрија за градежни материјали, рударство, хемиска индустрија, ЕОП и комлјутерска техника, електроника, електротехника, електронски машини за пишување, електростопанство, бои и лакови, стаклена и керамичка индустрија, трговија и услужни дејности, високоградба и нискоградба, индустрија на вештачки влакна, земјоделство, прехрамбена индустрија, воздухопловна техника и производство на авиони, преработка на дрво, машинство, медицинска техника и дентална техника, воена техника, производство на мебел, хартиена индустрија и индустрија за пакување, бродоградба, телекомуникации, текстилна индустрија, транспорт и сообраќај, водоградба, алатки, системи за перење.
Економија
Банкарство, бизнис менаџмент, берзантски работи, увоз-извоз, маркетинг, истражување на пазарот, управување со персонал, даноци, управување на претпријатија, осигурување, макроекономија.
Политика
Меѓународни односи, покраински и сојузни работи, меѓународни институции, прашања во врска со миграција и азил, политика на регионални структури, збратимени градови, соработка на ЕУ-региони.
Животна средина
Управување со отпад, отпадни води, обновливи енергии, хидрологија и заштита на вода, климатска заштита, еко-системи, обработка на вода, еколошка политика, еколошка заштита, еколошка техника.
Медиуми и уметност
Брошури, телевизиски продукции, филмска продукција, инфо-фоаје, каталози за изложби, односи со јавност, печат, радио, проспекти, синхронизација.
Преводи
Преводот претставува пренесување на еден текст во писмена форма од еден во друг јазик.
Толкување
Толкувањето претставува пренесување во усмена форма на јазични искази во некој друг јазик.
Конференциско толкување
Јазичната бариера не би требало да претставува пречка за економски, културни или политички поврзувања. Ние се грижиме за разбирање помеѓу учесниците и градиме мостови помеѓу различните културни кругови. Притоа на располагање ви стојат долунаведените можности на толкување:
- консекутивно
кај консекутивното толкување резимираме кратки прилози за говори.
Притоа толкувачот прави белешки за реферати или предавања и ги репродуцира смисловно за време на пауза на говорот.
- симултано
кај симултаното толкување пренесуваме истовремено во бараниот јазик. На тој начин стекнувате чувство, дека можете меѓусебе да разговарате директно.
- толкување со шепотење
кај толкувањето со шепотење станува збор за еден вид симултано толкување што најчесто се врши без никаква употреба на техника или се користи само подвижна техника за шепотење. Во случаи, кога не се употребува техника, толкувачот седи покрај слушателот и толкува со шепотење во неговото уво. Толкувачот работи за најмногу двајца слушатели.
Кај варијантата со техника малиот круг на слушатели добива приемник, како што е случај на големи конференции. Толкувачот користи безжичен микрофон, за да можат да го слушаат слушателите. Сепак, тука на толкувачот не му стои на располагање микрофонска техника, како би можел добро да ги слуша говорителите.
Затоа тој е принуден, секогаш да бара да биде во близина на говорителот.
Конференциска техника и организација
Со задоволство ви даваме комплетна конференциска техника од признати локални фирми, со што можете да ги сведете на минимум трошоците за доаѓање и транспортните трошоци. Соработуваме со повеќе фирми за толкувачка техника во земјата и странство.
Ви помагаме во изнаоѓањето погодно решение, зависно од бројот на учесници и начинот на среќавање.
