контакт

Dziekonski Übersetzungen

Wilhelm-Busch-Str. 9, 99099 Erfurt
Тел.:03 61 / 3 45 95 30
Факс: 03 61 / 3 45 74 07
Мобилен: 0172 / 6 56 01 85 (24 h)
Е-пошта: dziekonski@t-online.de
Интернет: www.dziekonski.de

Работно време на канцеларијата ПонПет: 8:30 17:00 часот.

mapbiuro zewnatrz1maleJ

Со јавен сообраќај

Ако доаѓате со трамвај, симнете се на главната железничка станица во Ерфурт и поминете низ тунелот од железничката станица по левата страна на улицата во правец на Градскиот парк. Одете по пешачката патека на истата страна на улицата, а потоа од левата страна на паркот преминете на првиот семафор. Следете ги трамвајските шини околу 50 метри, до првата следна крстосница со улицата што се наставува лево

(Nonnenrein). Влезете во улицата Nonnenrein и одете до втората крстосница. Тука прво преминете на семафорот кај улицата Clara-Zetkin-Straße, низ која најчесто има густ сообраќај, па дојдете до следната крстосница со улицата Wilhelm-Busch-Straße, каде на десната страна ќе ја видите куќата со бр.9. Нашата канцеларија се наоѓа во приземјето.

Од главната автобуска станица до нас најбрзо се стигнува со автобус бр.9. Возете се една станица во правец на Daberstedt. Нашата канцеларија е оддалечена околу 50 м од станицата „Spielbergtor”.

Со автомобил

Ако доаѓате од правецот на јазолот Schmidstetter Knoten на Б7(В7), свртете во правецот на Weimar, па потоа на првото свртување по крстосницата, свртете десно (пред самата стаклена зграда на бившата IHK).

Сега се наоѓате на улицата Wilhelm-Busch-Strasse.