Еа нас

mieczyslaw dziekonski port kol_MG_0584

Мјечислав Ѓекоњски Магистер по славистичка филологија (Шлески Универзитет Катовице). Толкувач под заклетва од претседателот на покраинскиот суд Ерфурт и овластен преведувач за полски, руски, хрватски, македонски, српски и словенечки јазик за судовите и нотарите на слободната држава Тирингија. Член на стручната група Конференциски толкувачи во BDÜ (Сојузно здружение на преведувачи и толкувачи) www.vkd.bdue.de.

Во 1992 година Мјечислав Ѓекоњски ја основаше во Ерфурт канцеларијата за преведувачки услуги „Ѓекоњски преводи“. Нејзиното мото гласи: Квалитет!

Мјечислав Ѓекоњски соработува со искусни колеги и колешки. Неговиот тим се состои од членови на Сојузното здружение на преведувачи и толкувачи (BDÜ) од сите покраински здруженија, а претежно од Тирингија и Саксонија. Негови соработници се исто така и предавачи како и апсолвенти на Универзитетот во Ерфурт и во Јена.

Со цел за што е можно подобра поддршка на клиентите, канцеларијата за преводи „Ѓекоњски“ се потпира на широка мрежа на мајчини говорители на јазици. Тие ги преведуваат и корегираат текстовите и на тој начин гарантираат висок стандард.

Преводите повеќепати се проверуваат, а толкувачките ангажмани се подготвуваат интензивно.

Со учество на курсеви во земјата и странство, Мјечислав Ѓекоњски постојано се усовршува. Затоа тој не располага само со успешни јазични квалификации, туку и со обемни знаења на правните системи и на политичките односи во земјите и регионите, во чии јазици тој преведува и толкува. Таквото знаење за него претставува предуслов за компетентни преводи и толкувачки ангажмани.

Мјечислав Ѓекоњски учествувал, меѓу другото, на проекти на ЕУ за воспоставување на работни управи во Република Полска, на Федерацијата Босна и Херцеговина, Република Македонија, на Република Србија и Црна Гора. Понатаму, тој има соработувано при воспоставувањето на полската управа за признавање на странските бегалци и на полската агенција за развој и реструктурирање на земјоделството по налог на ЕУ.

Детални информации за работните полиња на канцеларијата за преводи можете да најдете во Препораки.